21ви мај – Светски ден на културниот диверзитет, за дијалог и развој

Во 2001 година, УНЕСКО ја усвои Универзалната декларација за културен диверзитет и во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН, во својата резолуција 57/249, го прогласи 21 мај да биде Светски ден на културниот диверзитет, за дијалог и развој.

Овој ден ни дава можност да го продлабочиме нашето разбирање кон вредностите на културната разновидност и да научиме да живееме подобро заедно.

Преку охрабрување на луѓето и организациите од целиот свет да преземат конкретни активности за поддршка на различноста, оваа кампања има цел да се ​​подигне свеста во светот за важноста на меѓукултурниот дијалог. Исто така, да се ​​изгради светска заедница на индивидуи посветени на поддршката на различноста со вистински и секојдневни животни ситуации, за подобрување на разбирањето и соработката меѓу луѓето од различни култури.