Уште една успешна генерација на „Јахја Кемал“

Педесет и осум матуранти од познатото приватно училиште „Јахја Кемал“ ги добија завршните дипломи. Тие, своето школување ќе го продолжат на различни страни.

Задоволни од училиштето се матурантите кои посебно го нагласуваат и стекнатото другарство и меѓусебно пријателство, а задоволни се и наставниците и раководителите со секоја новоизлезена завршна генерација.

Од училиштето велат дека се горди на секоја успешна генерација од која бројни членови завршуваат на познатите македонски, но и светски универзитети од каде се враќаат како високо стручни капацитети подигнувајќи ја цената на трудот и на домашниот пазар.

WebOhrid им посакува да продолжат успесите на „Јахја Кемал“ и на овогодишните и идните генерации на матуранти.

WebOhrid