Честитка од Комисијата за одбележување празници и манифестации при охридскиот Совет по повод 23-ти мај

Претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид, Дејан Пановски во име на Комисијата по повод 23-ти мај, Националниот ден на Власите, упатува честитка до припадниците на влашката заедница во Охрид.

„Влашката заедница во Охрид отсекогаш била посветена и лојална на својот град .Секогаш сплотена во заедништво со останатите заедници придонесувала за развојотна Охрид и за негова промоција како културно историска вредност низ светот,воедно внесувајќи се во економската изградба на Градот и неговата иднина.Охрид, чувствувајќи ја таа посветеност и присутност ги нарекол деловите од својата целовитост како Горна и Долна Влашка маала и со тоа таа нераскинливаврска започнала, постои и ќе постои.

Влашкиот народ треба и понатаму со гордост да ги негува своите обичаи, фолклор,култура и јазик со што придонесува за културната разновидност во Градот и воМакедонија, и за заедничката иднина. Впрочем, единствено Власите можат да кажатсами за себе кои се и што се, и никој друг не може да зборува во нивно име.

Нека ви е Честит 23 Мај – Националниот Ден на Власите !“– се вели во честитката.