Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на состанокот на мешовитата комисија за меѓунроден превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Република Србија која се оддржа во Белград, потпишан е протокол со кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 50 дозволи за и од трети земји.
Исто така договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа:
– билатералниот и транзитниот превоз на стока за еколошки возила да биде либерален односно без режим на дозволи
– да се разменат 5000 билатерални дозволи за нееколошки возила
– да се разменат 5000 транзитни дозволи за нееколошки возила
– да се разменат 300 дозволи за и од трети земји
Исто така договорено е веднаш да се започне постапка за измена на спогодбата за меѓународен патен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Србија каде ќе се предвиди целосна либерализицаија на билатералниот и транзитниот превоз на стока за нееколошки возила односно да се врши без режим на дозволи, како и либерализација на наизменичниот превоз на патници.
Усогласувањето на текстот на спогодбата се очекува во септември или октомври годинава и истата да стапи на сила најдоцна до почетокот на следната година.