Во понеделник донација во Охридската библиотека

Градежната компанија „Адора инженеринг“ и фондацијата професор д-р Ванчо Чифлиганец, во чест на одбележувањето на денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во понеделник, 25 -ти мај , во 11:00 часот ќе подарат симболична донација на Охридската библиотека „Григор Прличев“.

„Станува збор за книгата „Можеш и ти“, од авторот Венко Андоновски. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат.“– велат од Охридската библиотека.

Со донации од ова издание, а по повод 24-ти мај, денот на просветните работници, се опфатени Националната и Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје, НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид како и библиотеките во Радовиш, Штип и Пробиштип.