Одбележан вториот ден од „Вдиши театар“

Прекрасен настап на театарската актерска група на младите на Црвен крст Битола на вториот ден од Аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие ја изведоа комедијата „БОИНГ-БОИНГ“ и до солзи ја насмеаја бројната публика во Центарот за култура „Григор Прличев“, а пораката која ја испратија беше дека секоја лага води во ќорсокак.

На третиот ден од фестивалот „ВДИШИ ТЕАТАР“ свој настап ќе има актерската група на Црвен крст Крагујевац, Србија кои ќе ја изведат театарската претстава „ПХВ-КАБАРЕ“. Претставата ќе се прикажува вечерва на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:30 ч. Влезот е слободен.