Златниот пехар од XXIII Домијада во рацете на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Учениците од Ученичкиот дом при ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22 до 24 мај во Струга учествуваа на 23 по ред „Домијада 2015“, во организација на Здружението на директори на ученичките и студентските домови во РМ, а под покровителство на Министерството за образование и наука. Тоа е средба на ученичките и студентските домови на која низ дружење се организираат спортски натпревари во повеќе дисциплини, трибина – тркалезна маса и ликовна колонија.

На самото отворање на XXIII Домијада, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се претставија со две музички точки.

На тркалезната маса подготвија „PowerPoint“ презентација која беше изложена на ученичкиот парламент на тема: „Ученикот како субјект во случувањата во Ученичкиот дом“.

Во делот на спортските натпревари тие учествуваа во натпреварите во мал фудбал и ракомет. Во дисциплината мал фудбал-средношколци не учествуваа на финалниот турнир, додека во дисциплината ракомет-средношколци го освоија првото место на ниво на држава, односно златниот пехар на Домијадата. Тоа е успех, но и мотивација да се продолжи и работи поинтензивно.

Домијадата е државен спортски натпревар кој се одржува повеќе од две децении.