Зголемен бројот на обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители во 2014 година, во споредба со 2013 година, е зголемен за 7.3%.

Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 22.5%, а бројот на обвинетите лица, исто така, е зголемен за 11.4%.

Бројот на пријавени деца во судир со закон – сторители на кривични дела во 2014 година, во споредба со претходната година, е намален за 3.3%.

Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените деца во судир со закон – сторители на кривични дела е намален за 2.5%.