Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите од Горенци

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски оствари средба со жителите од Горенци, на која ги запозна со проектот за изградба на фекална канализација во Горенци. На средбата, на жителите им беше образложена трасата каде ќе поминува канализационата мрежа.

Изградбата на фекалната канализација ќе биде во должина од 8 500 метри, а цевките ќе се поставуваат на длабочина од 2 до 4 метри и истата ќе биде приклучена на главниот колектор Мешеишта кој е во фаза на реализација.

„Овој голем зафат ќе чини 19 милиони денари кои ќе бидат обезбедени преку ИПАРД програмата, за што Агенцијата за финансиска поддршка во земојоделието и руралниот развој објави повик каде што може да аплицираат општините, а со цел подобрување на животниот стандард во селата“ истакна градоначалникот на општина Дебрца Игор Трајкоски.

Тој додаде дека со реализација на овој проект ќе се надминат проблемите со одведување на фекалните води.

„Задоволството на жителите беше очигледно, бидејќи конечно ќе им се реши долгогодишниот проблем со фекална канализација.“- додаде Трајкоски.