Охрид и ова лето домаќин на врвни спортски настани

Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев денеска остварија работна средба со раководството на Кошаркарската федерација на Македонија.

Повод за средбата беше претстојното европско првенство во кошарка за жени- кадети што од 12-ти до 24-ти август, годинава ќе се одржува во Охрид и Струга.

На состанокот се разговараше за аспектите на соработка во делот на организација на ова големо спортско случување. Двете страни се заложија за обострана соработка со цел одлично организирање на настанот кој што е значаен за промоција на Македонија во делот на спортот пред се во кошарката.

Ваквите спортски случувања од меѓународен карактер се особено значајни и за промоција на Охрид во светски рамки што е една од основните заложби на локалната власт.

Kosarka_kadeti_zeni_4852