Поставен контејнер за донирање облека пред седиштето на Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид заедно со охридската експозитура на Алфа Банка АД Скопје денес успешно го реализира „Алфа Банка Групација Волонтерски ден – 2015“.

Имено како општествено одоговорна компанија Алфа банка во соработка со Црвен крст на Република Македонија успешно соработува уште од 2009 година преку најразлични активности од областа на социјално-хуманитарната дејност.

Оваа година банката донира контејнер за донација на облека и во Охрид во кој денес вработените во Алфа банка ескпозитура Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и граѓаните на Охрид симболично донираа облека. Контејнерот е поставен пред седиштето на Црвен крст Охрид и на овој начин е достапен до граѓаните во било кој дел од денот.