Трансфер на Муарем Муарем во Ескисехирспор

Македонскиот фудбалер со турско потекло Муарем Муарем направи трансфер во Турција во тимот на Ескисехирспор.

Муарем потпиша тригодишен договор со турскиот суперлигаш, а веднаш по потпишувањето на договорот тој се враќа во Македонија каде ќе му се приклучи на тренинг-кампот на македонската репрезентација пред квалификацискиот натпревар против Словачка, кој ќе се игра на 14 јуни во Жилина.

Муарем веќе играше во Турција во сезоната 2010/2011, но тогаш заедно со Јован Костовски за тимот на Ордуспор во Првата лига, кога Ордуспор успеа да обезбеди промоција во Турската Суперлига. Потоа Муарем една полусезона играше за Работнички, а последните 3 и пол години беше член на шампионот на Азербејџан – Карабак.

WebOhrid