Седмооделенката Наталија Стрезовска од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид се закити со трета награда за литературна творба, од вкупно 92 творби од цела Македонија, на конкурсот кој е дел од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“, а во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија со поддршка од Министерството за образование и наука на Република Македонија, ZFD Forum и Град Скопје.
Таа преку својата творба „Песна за холокаустот“ го искажа своето видување за страотните случувања на Еврите за време на Втората светска војна, со јасна цел: Никогаш да не се повтори!
Инаку, Наталија Стрезовска, под менторство на наставничката Никица Мишева, неодамна освои трета награда на конкурсот за најдобра песна по повод 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, распишан од ОУ„Братство Единство“ од Охрид, а добитничка е и на неколку награди на училишно и општинско ниво.