„Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“ е новиот проект на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што почна да се спроведува од денес, 11 јуни 2015 година. Директорите заедно со стручниот тим ја посетија подрачната служба Скопје. Идејата на проектот е еден ден во неделата директорите на Фондот, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим, да поминат најголем дел од работното време, во подрачните служби на Фондот и работејќи заедно со вработените, на лице место да остварат непосреден контакт со осигурениците. Од „прва рака“ ќе може да се информираат дали осигурениците се задоволни, дали се правилно упатени каде да ги остварат нивните права и каква е ефикасноста на вработените во подрачните служби на Фондот. Се очекува дополнително директорите на Фондот да направат директен увид во работните процеси, да се утврди дали постои некое тесно грло, за истото да се надмине. Од осигурениците ќе слушнат дали лесно ги остваруваат своите права или можеби е потребна админстративна корекција за доуредување на некое право или забрзување на некоја постапка. Се планира секоја работна недела да се посетува различна подрачна служба, во цела Македонија, за што осигурениците навремено ќе бидат информирани.
Истовремено, со овој проект ќе може на изворен начин да се следи и работата на вработените во подрачните на Фондот и нивната посветеност во остварувањето на правата. Овој проект е во насока на поголема отченост, транспарентност, поефикасно работење, градење на тимски и организациски дух на Фондот, чија визија е задоволни осигуреници.
Се очекува и комуникација на директорите и вработените во подрачните служби да резултира со непосредна ефективнсот, со што се нагласува и основното мото, дека секој вработен на ФЗОМ претставува една алка во системот на здравственото осигурување и сите подеднакво сме значајни и сме во служба на осигурениците.
Крајна цел е на Фондот е секој осигуреник, дали е од Свети Николе, Тетово, Битола, или било кој град во Македонија, да може на ист начин, во ист временски период и со иста ефикасност да го оствари своето право.