Изложба на украсни птици во Охрид

Во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел“ денес во холандскиот парк во Охрид се одржа манифестацијата „Шарен цвет“. Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан.

На случувањето, со свои уметнички креации учествуваа учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“.

Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни.

Манифестацијата е под покровителство на општина Охрид, а ќе трае во текот на целиот ден.

WebOhrid