Јавното претпријатие „Градски гробишта“ интензивно работи на изградбата на тротоар на улицата „ 15-ти Корпус“ на потегот од поранешната фабрика „ Застава“ до бензиската станица на „ Макпетрол“ .
Новиот тротоар ќе го го олесни движењето на пешаците во насока кон селото Лескоец, како и движењето на граѓаните кои за време на големите верски празници ги посетуваат градските гробишта.
Овој зафат, согласно предмер-пресметката ќе чини околу 1.400.000 денари.