Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, 2014 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 9 904 920 илјади денари.

Во текот на 2014 година се градени вкупно 2 105 објекти и завршени се вкупно 3 584 станови со вкупна површина од 355 811 м2, од коишто 137 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 11 136 м2.

Просечната корисна површина на завршените станови е 99.3 м2.

По региони, најмногу се градеше во Полошкиот регион, потоа во Скопскиот, во Југозападниот итн.