Вечерна богослужба и света архиерејска литургија по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 14-ти јуни (недела), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 19:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 15-ти јуни (понеделник), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.