Охридските стрелци го изгубија приматот и во поединечна и во екипна конкуренција

Со завршувањето на натпреварите во гаѓање со воздушно оружје – национална програма, пионерите и пионерките за првпат после години недостижно лидерство, го изгубија приматот и во поединечна и во екипна конкуренција, информираат од СК „Охрид“.

„Непознавањето на судиите на правилата ги чинеше охридските стрелци губење на првата позиција. Имено при ист број на кругови, како во поединечен така и во екипен пласман треба да одлучува последната подобра серија, но судиите одлучија истото да го направат по одредување кој има повеќе 10-ки во последната серија. После прогласувањето на победниците и напишаниот Приговор од наша страна, судиите ја увидоа својата грешка, но веќе беше доцна, па пласманот на охриѓани е следен:

Во конкуренција на пионерки Луана Поповски од ЗСК „Лихнидос“ со идентичен број на кругови (164) како и првопласираната, но со послаба последна серија ја зазеде втората позиција (напомена – на ниту еден погодок судиите не ставија гурка-постапка која се спроведува при сомнителни погодоци).

И во екипен пласман исто како и во поединечен:

Второ место во пионерска категорија, со еднаков број на кругови (441) како и првопласираната екипа на Кавадарци отиде за СК „Охрид“ во состав:

Виктор Димоски 149

Петрит Аголи 147

Димоски Марио 145 (за кој ова беше дебитантски настап)

И кај пионерките истата ситуација:

Второ место со идентичен резултат од 448 кругови со првопласираните пионерки од СК „Стрелец“ отиде за пионерките на СК „Охрид“ во состав:

Мартина Коцоска 156 кругови

Симеона Милеска 143

Марија Магдалена Шишкоска 149

Голем хендикеп е што Стефани Ефтимовска не беше ставена во екипа, а со нејзиниот резултат од 158 кругови, охриѓанки ќе беа недостижни за цели 9 кругови.“- додаваат од Стрелачкиот клуб Охрид.

10321083_1064544360239530_7957310722678368176_o 11428123_1064544023572897_3169207389704466289_o 11538987_1064544553572844_4386371547928267816_o