Светски ден за борба против дезертификацијата

Во 1994 година, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 17-ти јуни за Светски ден за борба против дезертификацијата (опустинувањето и сушата), за подигнување на јавната свест за ова прашање, како и спроведувањето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против дезертификацијата (UNCCD) во земјите кои се соочуваат со сериозни суши и/или опустинување, особено во Африка.

Околу 1,5 милијарди луѓе во светот зависат од деградираните области за нивната благосостојба, и речиси половина од многу сиромашни во светот (42%) живеат во деградирани области, што ги прави некои од нив најнесигурни места во светот, а во некои случаи нивната нестабилност може да ги дестабилизира политичките региони.

Додека овие региони може да изгледаат далеку за оние од нас кои живеат во градовите или развиените земји, ефектите од нивното страдање се како бран во целиот свет. Се проценува дека до 2020 година околу 60 милиони луѓе ќе мигрираат од опустени области во Суб-Сахарна Африка кон Северна Африка и Европа.

Темата за 2015 година е: „Остварување на безбедност на храна за сите преку одржливи системи на храна“.

WebOhrid