Проектот „енергетска сиромаштија“ кој го воведе Владата во 2010 година за социјално ранливите категории граѓани и изнесуваше 600 денари по семејство од јули ќе се зголеми на 800 денари, изјави денеска премиерот Никола Груевски на отпочнувањето со проширувањето на улицата „Маџари“ во општина Гази Баба.
Тој појасни дека во 2012 година износот беше зголемен на 700 денари, а со сметките што ќе се плаќаат во јули тој ќе изнесува 800 денари.
„Планот е спoред програмата на Владата од следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018 да биде 1.000 денари. Тоа што ние го воведовме во 2010 година не само што го одржуваме континуирано, туку и постепено го зголемуваме на задоволство на оние на кои им е потребно“, рече Груевски.
Буџетот за 2015 година за оваа намена изнесува 81 милион денари и ќе опфати до 10.000 корисници.