Утре ќе биде отворена изложбата „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“

Амбасадата на Република Чешка во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ утре ќе ја отвори изложбата „Замоци, дворци и споменици на УНЕСКО во Република Чешка“.

Изложбата ќе ја отвори Амбасадорот на Република Чешка во Република Македонија, Мирослав Рамеш.

Отворањето ќе се одржи со почеток во 19:00 часот во Галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.