Македонските тимови ги добија противниците за натпреварите во Европа

Денес во Нион беа извлечени двојките од првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони и за Лигата Европа.

Македонскиот фудбалски шампион Вардар оди директно во втора рунда од квалификациите за Лигата на шампиони каде го доби кипарскиот шампион АПОЕЛ. Првиот натпревар ќе се игра во Кипар на 14 јули, додека пак повратниот дуел во Скопје ќе се игра на 21 јули.

Во првото коло од квалификациите за Лигата Европа, Ренова ќе игра против Дачија од Молдавија, Шкендија против Аберден од Шкотска, додека пак Работнички ќе игра против Флора Талин од Естонија. Првите натпревари ќе се играат на 2 јули, додека пак повратните на 9 јули.

WebOhrid