Премиерот Никола Груевски заедно со министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Горан Мицковски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски, ќе престојува во Париз, Република Франција, на бизнис форум организиран од групацијата „Македонија 2025“.
Целта е презентација на можностите за инвестирање и поволностите кои се нудат во Македонија како и поврзување на повеќе успешни бизниси водени од македонски и претприемачи низ Европа и светот и можностите за нивен импакт во развојот на македонската економија.
На форумот предвидени се три одворни панели при што воведно обраќање ќе има премиерот Груевски.