Утрово околу 03,00 часот во с.Слатино – о.Теарце во куќа сопственост на Ф.Ј. од страна на НН сторител, маскиран и со закана со нож извршено е разбојништво врз истата при што и се одземени 350 евра.Имено, сторителот влегол во куќата, ја разбудил Ф.Ј. и со закана со нож и побарал пари, по што таа му дала 350 евра.На излегување, сторителот ја повредил оштетената во пределот на раката.