Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ учествуваше на Летен камп за средношколци

Членовите на Младинската организација од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22-ри до 24-ти јуни учествуваа на летниот камп за средношколци.

Учесници на кампот беа Дајана Сиљаноска, Игор Дуноски, Анастасија Чутрова и Џемил Јакуповски.

Кампот е дел од проектот „Претприемач да се биде или не“, поддржан од „YES Network“ – мрежата за млади претприемачи со фондови од Европската Унија. На кампот се изучуваа основите на претприеништвото, креативното размислување, тимска работа, лидерство.

Кампот беше наменет за сите средношколци кои сакаат да работаат сами за себе и да основаат сопствен бизнис, за сите оние кои имаат претприемнички дух.

На крајот се одржа натпревар помеѓу тимовите за најдобра идеја за општествено одговорен бизнис.