Ренова 0:1 Дачија

Ренова ја започна одисејата во квалификациите од Лигата на Европа.

На спортската арена „Филип Втори“ во Скопје, во рамките од првото коло од квалификациите на Лига Европа, Ренова играше против Дачија од Молдавија. Противникот постигна гол уште во 12-та минута. Иако многу рано, овој гол во гости сепак беше повеќе од доволен за победа и предност за екипата на Дачија, пред повратниот дуел во Молдавија.

Повратниот дуел ќе се игра на 9 јули во 17:00 часот.

WebOhrid