Македонската футсал репрезентација во квалификациска група со Италија и Словачка

Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Светското Првенство кое ќе се одржи во Колумбија во 2016 година.

Македонија се најде во последната група 7 и од 10-ти до 12-ти декември 2015 година ќе ги одмери силите со домаќинот Италија, Словачка и еден квалификант од претквалификациите. Третиот противник на нашата футсал селекција ќе биде познат од претквалификациската група А во која ќе играат Грузија, Молдавија, Андора и Гибралтар.