Викендов официјално ќе биде отворен градскиот базен „Атина Бојаџи“

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ за оваа летна сезона официјално ќе започне со работа од претстојниот викенд (4-5 јули) и ќе биде отворен за сите заинтересирани пливачки школи и рекреативци – љубители на пливањето.

Градскиот базен ќе работи секој ден од 08:30 до 20 часот, така што во работен ден (понеделник – петок) пливачките школи ќе имаат резервирани термини предпладне од 08:30 до 12 часот и попладне од 17:30 до 19 : 30 часот додека терминот за рекреативците ќе биде од 12-18 часот. За време на викендите (сабота и недела) градскиот базен ќе биде целодневно отворен за рекреативците.

Еден целодневен билет за користење на услугите на градскиот базен изнесува 60 денари.