Шумски јагоди – лек од памтивек

Шумските јагоди (Fragaria vesca) се прилично застапени во нашите шуми. Во минатото биле одгледувани во поголема мера, но со тек на време биле заменети со градинарската јагода која дава поголем плод. Но, тој што пробал шумска јагода знае која е разликата помеѓу малечка шумска јагода и голема градинарска јагода.

Како црвени жарчиња во шумското зеленило, ова овошје покрај вниманието го поттикнува и апетитот на секој посетител на нашите шуми.

Како природен лек шумските јагоди го нормализираат зголемениот крвен притисок, ги намалуваат масните наслаги во крвните садови, го јакнат срцето и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, ја подобруваат циркулацијата, а и функцијата на бубрезите. Како антиоксиданси, шумските јагоди некои дури ги нарекуваат и природен лек против рак.

Покрај плодот, од листовите на шумската јагода се прави чај кој помага при варењето на храната, спречува дијареја, а помага и при несоница и нервоза.

Моќта на шумските јагоди сеуште не е доволно истражена, а дека навистина станува збор за лек говорат и бројните антички преданија.

SumskiJagodi02

WebOhrid