Јонгис – софтверски и хардверски решенија

Јонгис е компанија во приватна сопственост, формирана во 1991 во Охрид, Македонија. Од своето основање компанијата нуди софтверски и хардверски решенија и услуги за здравствени установи, институции за високо образование, мали и средни претпријатија и корпорации на пазарот во Македонија и регионот.

Низ годините Јонгис има развиено софтверски решенија кои ги користат голем број компании во различни индустриски сектори, вклучувајќи: производство, здравство, угостителство, образование, малопродажба, големопродажба и дистрибуција итн.

Портфолиото на Јонгис го сочинуваат апликации и софтвер меѓу кои спаѓаат и следниве: финансии, хотел менаџмент, човечки ресурси и плати, Point of Sale (системи за продажба), систем за менаџирање на магацини, ERP, системи за електронска здравствена евиденција, Bridges (систем за менаџирање на сите работни процеси кај универзитетите) итн.

Јонгис исто така поседува и управува со центар за малопродажба на компјутери и хардверска опрема, и нуди одржување и сервис за истите.

Седиштето на компанијата се наоѓа во Охрид и се состои од центар за развој на софтвер, продавница за компјутерска опрема, департман за продажба, департман за сметководство и финансии, оддел за техничка поддршка и сервисирање на хардверска опрема.

Јонгис има и претставништво во Скопје, кое се состои од департмани за продажба и техничка поддршка и центар за развивање софтвер на истата локација.

http://jongis.com/mk/

www.facebook.com/Jongis