Од август почнува примената на шествалентните вакцини

Од август ќе започне примената на шествалентните вакцини кои веќе пристигнаа во Македонија, а од септември се очекува да почнат да се користат и петвалентните вакцини, најави денеска премиерот Никола Груевски.

„Веќе вчера пристигнаа шествалентните вакцини и во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ сите јавни здравствени установи според претходно утврдена шема. Околу 1 август ќе започне нивното користење, изјави Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“.- рече Груевски.

Што се однесува до петвалентните вакцини, Груевски соопшти дека тие треба да пристигнат до почетокот на август и оти веднаш по нивното пристигнување ќе почне дистрибуцијата.

„Исто така ќе бидат потребни две до три недели да се дистрибуираат и нивното користење ќе започне од 1 септември. Со ова исполнуваме уште едно наше ветување дадено во програмата и пред македонските граѓани“, истакна Груевски.