Прва самостојна изложба на охриѓанецот Тони Попов

На 10-ти јули со почеток во 20:00 часот, во Музеј Куќата на Робевци, свечено ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметникот Тони Попов од Охрид, насловена „Дојди поблизу”.

На изложбата која ќе биде отворена до 24 -ти јули(петок)  ќе бидат поставени 20 дела.

Инаку, Тони Попов е самоук сликар. Под влијание на реализмот и фото-реализмот, неговите слики раскажуваат приказни, задржувајќи се на одреден детал, давајќи му важност на секој момент од нашето секојдневие.

Досега има учествувано на IFES Меѓународна Групна Изложба во Екс ан Прованс, Франција, групна изложба на Меѓународниот Балкански арт фестивал, Меѓународен камп на уметници во Маасмехелен, Белгија, Меѓународниот саем за современа уметност Paratissima во Скопје, каде влезе во првите 10 уметници и можност да ги претстави своите дела во Торино, Италија.

come closer victory - Copy hero