Претставниците на мелничарите и земјоделските здруженија на состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се договорија најниската откупна цена на пченицата да биде 11 денари за килограм. Оваа цена треба да важи за минимален квалитет на пченицата за производство на леб.
Државниот инспекторат за земјоделство, по барање на земјоделците, ќе врши дополнителна контрола во мелничките капацитети доколку производителите на жито имаат реакции на проценките за квалитетот на предадената пченица.
За оние производители кои не сакаат пченицата веднаш да ја продадат, а немаат сместувачки капацитети,мелничарите им понудија минимални цени за оваа услуга или бесплатно доколку подоцна ја продадат кај нив.
Министерството за земјоделство, истакна министерот Михаил Цветков, ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе ги преземе сите мерки за успешна реализација на претстојниот откуп на пченицата во интерес на земјоделците, мелничката индустрија и на потрошувачите.