Работнички оди понатаму, Ренова и Шкендија се збогуваа од Лигата на Европа

Дачија успеа да докаже дека е подобар тим од Ренова. На првиот натпревар во Скопје, Дачија успеа да „украде“ минимална победа од 0:1 и пласманот за следното коло да го осигура на домашен терен во Молдавија. А денес, на свој терен Дачија ја надигра Ренова и со 4:1 (вкупно 5:1) обезбеди пласман во следната рунда од Лигата на Европа.

Работнички одигра 2:0 против Флора во Скопје и со вкупен резултат од 2:1 успеа да оди во второто квалификационо коло од Лигата на Европа. Иако Флора забележа минимална победа од 1:0 во Естонија, Работнички успеа во Скопје да ја анулира таа предност и да се пласира во следната фаза од Лигата на Европа. Во следното коло Работнички ќе игра против Јеглава од Латвија.

Шкендија успеа да остане непоразена против шкотскиот Аберден. Но, за жал, голот во гости на првиот дуел во Скопје беше доволен за Аберден да избори пласман во понатамошното натпреварување од Лигата на Европа. Шкендија одигра 1:1 против Аберден на првиот натпревар во Скопје и 0:0 на повратниот дуел во Шкотска.

WebOhrid