Паркирањето на пловните објекти од левата страна на каналот „Студентчишта“ во моментов е бесплатно

Денес на иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески а по инсистирање на засегнати граѓани се одржа координативен состанок со претставници од Капетанија, Езерска полиција, Државен пазарен инспекторат и Општински инспекторат со цел да се реши проблемот со поединци кои ја узурпираат левата страна од каналот „Студенчишта“ и нелегално наплатуваат за паркирање на пловни објекти.

Градоначалникот Бакрачески ги извести присутните дека во тек е постапка за правно регулирање на корисничкото право на левиот дел од каналот по што ќе се утврдуваат начините и постапките за паркирање. Притоа беше едногласно заклучено дека до тој момент паркирањето на левиот дел од каналот „Студенчишта“ е бесплатно за сите.

SostanokKanalStudencista_4853

Првиот човек на градов и надлежните служби апелираат до граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на неколкумина коишто вршат незаконска наплата за користење на просторот кај каналот. Воедно надлежните потсетуваат дека незаконска наплата во иднина нема да се толерира и ќе се преземат соодветни мерки против сторителите кои од една страна вршат кривично дело и го нарушуваат угледот на градот од друга страна.

Надлежните апелираат до граѓаните секое барање за наплата за паркирање кај каналот „Студенчишта“ да биде веднаш пријавено до Капетанија, Езерска полиција, Државниот пазарен инспекторат или Општинскиот инспекторат.

SostanokKanalStudencista_4852