Во мај намален бројот на издадени одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2015 се издадени 186 одобренија за градење што е за 4.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 397 718 илјади денари што е за 24.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 128 (68.8%) се наменети за објекти од високоградба, 23 (12.4%) за објекти од нискоградба и 35 (18.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 186 објекти, на 137 (73.7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 објекти (26.3%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 332 станови со вкупна корисна површина од 28 748 м2.