Во недела (12.07.2015) ќе се одржи Државен Натпревар за Ранг – Листа XC – Куратица.
Организатор на натпреварот е Велосипедската Федерација на Македонијa, додека пак технички организатор е Планинско Друмски Велосипедски Клуб ЕкоДром – Охрид.
Патеката во Куратица е кружна патека со должина од 3,4 км. (прилог сликa)
Право на учество имаат сите категории на лиценцирани Велосипедисти и рекреативци.
Пријавувањето на стартни броеви ќе биде од 10:30 до 11:30 часот.
Стартот е во 12:00 часот.
Ќе се вози во категории: Хоби 3 круга, Жени 3 круга, Кадети 4 круга, Мастерс 4 круга, Јуниори 5 круга и Елите 7 круга.
Техничка зона за сервис и додавање вода: Зона 1 – стартна рамнина и Зона 2 – црква Св.Богородица.
Натпреварот се бодува за Ранг Листа 2015. Техничкиот организатор обезбедува медали за првите тројца велосипедисти според категоријата, средства за службените лица и останатите трошоци. Натпреварот се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ. Секој натпреварувач кој ги прифаќа пропозиците стартува на сопствена одговорност, со потполна опрема.
Организаторот го задржува правото на промени за што клубовите ќе бидат дополнително известени половина час пред стартот.