Извршено второ авионско запрашување против комарци

Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство рано утрово изврши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето започна во 05 часот, а траеше до 8:30 часот и се одвиваше на потегот од с.Подмоље до Св.Наум, како и на територијата на град Охрид, на вкупна површина од 1500 хектари.

Ова запрашување беше второ авионско оваа година, а пред неколку денови беше извршено и терестичко запрашување против комарци, бели пеперутки и други инсекти.

Препаратот со кој  се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

WebOhrid