Недела на шпански филм во Охрид

Во понеделник со почеток во 19 часот во НУ ЦК „Григор Прличев“, започнува Неделата на шпански филм во Охрид која ќе трае до 26 јули.

Свеченото отворање на овој културен настан ќе го одбележи Н.Е. Амбасадорот на Кралството Шпанија во Р. Македонија, Рамон Абароа.

На случувањето кое за прв пат годинава се одржува во Охрид ќе присуствуваат и претставници од локалната самоуправа. Организатори на настанот се Амбасадата на Шпанија во Р. Македонија и Центарот за култура.

Влезот за посетителите е слободен.