Уреден дворниот простор кај џамијата „Емин Махмут“ во населба Воска

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам на иницијатива на градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески беше уреден дворниот просторот кај џамијата „Емин Махмут“ во населба Воска.

Просторот е партерно уреден, а на површина од 35 квадрати поставени се бехатон плочки.

Градежните активности кои траеја два дена ги реализираше ЈП „Нискоградба“.