Балканот гори – Пеколни температури, пожари и УВ индекс 9

Температури до 40. степен не очекуваат и денес, а УВ индексот ќе изнесува 9. За попладнево метеоролозите најавуваат мала до умерена облачност, претежно во западните длови од земјава.

Тропските горештини ја зафатија не само Македонија, туку и целиот Балкан. Речиси во сите балкански земји вчера беше издаден црвен метео аларм, поради високите температури и УВ индексот. Метеоролозите најавуваат дека тропските горештини ќе продолжат и во наредните неколку денови.

Црвениот метео аларм означува „многу опасно време“, како и дека се очекуваат појави што може да предизвикаат голема материјална штета или да бидат опасни по безбедноста на луѓето и животните.

Македонија вчера во „жолта фаза“, зголемен и бројот на колапси

Експерите предупредуваат на голема внимателност и на избегнување на дирекно изложување на Сонцето, предупредувајќи дека доволни се само 10 минути поминати на отворено сонце за да се добијат изгореници.

Надлежните лица повеќепати излегоа со препораки до граѓаните да избегнуваат излегување на сонце во периодот од 11 до 17 часот кога температурите се највисоки со цел избегнување на негативни последици.

pozar3-533x400

Голем шумски пожар избувна вчера во кумановско Слупчане. Пожарот бил изгаснат, но подоцна пвторно се активирал.

Од Дирекцијата за заштита и спасување вчера информираа дека пожар на дабова шума избувнал и на непристапен терен во населеното кумановско село Матејче.

Неколку големи пожари вчера беснееја во јужна Грција, хрватското приморје и во делови од Херцеговина.

Меѓу поголемите пожари беа оние на грчките острови Закинтос и Скирос, како и во близина на селото Дистомо на полуосторовот Пелопонез.

Грчката полиција соопшти дека на подрачјето близу Атина што во петокот беше зафатено од голем пожар, било пронајдено јагленосано тело на еден полицаец, кој е прва жртва на огнените стихии во Грција ова лето.

Два големи пожари беснееја во предлот Крижњак близу приморскиот град Трогир и близу местото Пругови, северно од Сплит во Хрватска.

Пожари се регистрирани и на подрачјата на херцеговските градови Мостар, Чапљина, Столац и Коњиц.

Извор: Нет Прес