Се поставуваат новите мермерни и гранитни плочки на плоштадот кај Музичкото училиште

Продолжуваат градежните активности на плоштадот во непосредна близина на ОМУ „Методи Патчев“. Во моментов екипи на ЈП „Градски гробишта“ работат на обложување на фонтаните со мермерни и плочки од друг материјал. Наредниве денови просторот ќе биде партерно уреден и на целата површина ќе се постават гранитни плочки.

MiniMarket_07_2015_4853

На овие активности претходеше поставување на комплетно новата комунална инфраструктура и фундаментите за јавно осветлување.

MiniMarket_07_2015_4851