Се расчистува патот до Скребатно и дворот од Историски архив

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ го расчистуваат патниот правец с.Лескоец, кај Скребатско Маало до с.Скребатно.

„Ангажирани се 4 работници кои ги отстрануваат гранките од дрвјата и жбунестата вегетација која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.“– информираат од претпријатието.

Дворот од историскиот архив лоциран на ул.„Никола Карев“ хортикултурно се уредува од обраснатата трева, а крошните од дрвјата се уредени.

Градскиот парк тековно се одржува со косење на тревните површини и поинтензивно наводнување заради високите температури, додаваат оттаму.