Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, кој што стана официјален ден на СЗО во 2010 година. Датум за одбележување на Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е 28-ми јули кој што е избран во чест на Проф. Барух Блумберг кој ја доби нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.
Претходната година 2014 кампањата се одвиваше под мотото „ХЕПАТИТИС – РАЗМИСЛИ УШТЕ ЕДНАШ”, со што се нагласува потребата сериозно да се размисли и да се подигне свеста за вирусниот хепатитис, за начинот на ширење на вирусот, за потребата секој да се тестира навреме без ралика дали се чувствува сосема здрав, да не ги стигматизираме инфицираните…
Оваа година, како продолжение кампањата ќе се одвива под мотото: „ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ: ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ” – „PREVENT HEPATITIS: IT’S UP TO YOU”.
Мал број од луѓето знаат дека:
• Приближно 500 милиони луѓе во светот се заразени со ХЦВ или ХБВ,
• Оваа бројка е за околу 15 пати повеќе од бројот на заразени со ХИВ/СИДА,
• ХЦВ или ХБВ убиваат 1 милион луѓе годишно,
• Помалку од 1/3 (32%) од владите во светот немаат спроведено или финансирано активности за да се намали стигматизацијата или дискриминацијата на лицата кои живеат со ХЦВ или ХБВ,
• Едно од три лица на планетата е изложено на некој од двата вируси без да знае.
Целта на кампањата е да ја подигне свеста кај општата популација и да ја победи стигмата поврзана со лицата инфицирани од овие вируси, затоа што се испраќа јасна порака дека вирусите не прават дискриминација, го заразуваат секого, насекаде.
Оваа година НВО ХЕПТА во соработка со ЦРВЕН КРСТ – Струга, и Локалната самоуправа на општина Струга, по повод овој ден организираат активности во градот Струга, еден од најголемите туристички центри, и тоа:
– Едукативно предавање кое ќе се одржи на ден 27.07.2015 год (понеделник), во просториите на Црвен крст – Струга, со почеток во 09 часот, на кое предавање ќе биде присутен и градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села. Предавањето ќе го одржи Проф. Др. Розалинда Исјановска, од институтот за епидемиологија – Скопје;
– Делење на флаери со едукативна содржина, на територијата на град Струга, на ден 28.07.2015 (вторник) со почеток од 19 часот.