Како што најавуваат метеоролозите, од почетокот на следната недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на уште потопла и сува воздушна маса од југ, што ќе предизвика натамошен пораст на дневните температури.
Се очекува температурите во поголем дел од земјава да бидат над 35 степени.
Особено уште потопло време се очекува да настапи кон средината на неделата, кога долж Повардарието и во југоисточниот дел дневните температури ќе бидат над 40 степени.
Владата на Република Македонија, по предлог од Министерството за здравство, минатата недела донесе препорака за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, во периодот од утре (22 јули) до вторник (28 јули), но по се изгледа ако се земат во предвид најавите од метеоролозите овој временски период ќе биде пролонгиран.
Во истиот период, се препорачува на работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот.
Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжат во претстојниот период до почетокот на следната недела.
За граѓаните од целата држава важат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, носење светла и лесна облека, избегнување престој на отворено, консумирање лесна храна, термички обработена храна и повеќе течности (а да се избегнува консумирање на лесно расиплива храна), редовно одржување хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната, како и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување
Дирекцијата за заштита и спасување според заклучоците од седницата на Владата на Република Македонија оддржана на 21.07.2015 ja известува јавноста за донесените заклучоци.
Во продложение следува интегрален текст од Заклучоците:
Привремено да се ограничи движењето на лица во шумските подрачја во периодот од 7 часот наутро до 17 часот поладне.
Ограничувањето да важи од 22.07.2015 до 05.08.2015, а не важи за организирани посети на националните паркови и шумите од туристи и за вработени во ЈП Македонски Шуми и Шумската Полиција.
Контролата на ограничувањето на движење траба да ја извршуваат со надзор и легитимирање во шумските подрачја, Министерството за внатрешни работи, Граничната и Шумска полиција.
Им се укажува на едниците на ликалната самоуправа да во случај на настануваење на пожар на нивната територија да ја стават на раполагање целата расположива персонална и материјално-техничка поддршка на Македонски Шуми и другите институции.
Интензивно да се информира јавноста за забраната за палење на стрништа и друг земјоделски отпад како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.
Се задолжуваат релевантните државни институции прецизно да ја координираат својата работа со цел преземање соодветни активности за спречување на појава на пожари на отворен простор.