Поставени знаци на пристаништата, мостовите и плажите на Охридското Езеро

Во тек е поставување на знаци на сите пристаништа, мостови и плажи на Охридското Езеро. Знаците се однесуваат на учесниците во водениот сообраќај, но и за капачите на плажите, бидејќи вакви знаци освен на пристаништата и мостовите, поставени се и покрај плажите.

Знаците се со најразлична содржина: Забрането пливање и нуркање, точка на застанување на брод со насока каде да се укотви бродот, сидро за усидрување на пловни објекти, забранета зона за пента и сл.

Моментално вакви знаци се поставуваат само на Охридско Езеро, а знаците ќе останат трајно, односно и по завршувањето на летната туристичка сезона.

WebOhrid