Егзотичен гуштер на една од охридските плажи

Камерата на WebOhrid сосема случајно пронајде егзотичен гуштер на една од охридските плажи, во близина на Градиште.

На прв поглед обичен гуштер, за нијанса поголем од обичната гуштерица. Но, боите кои ги има овој гуштер на долниот дел од телото, го прави егзотичен. Од темно сино-зелена боја на главата и вратот до портокалова боја на стомакот. Овој мирољубив гуштер позираше пред нашата камера, на карпа покрај Охридското Езеро, впивајќи сончеви зраци на зајдисонце.

Станува збор за Algyroides nigropunctatus, гуштер кој е застапен само на овие простори (Грција, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Италија), а негови карактеристики се изразените бои под главата, вратот и стомакот, како и долгата опашка.

WebOhrid