Камерната претстава „Дневникот на Лудиот“ вечерва на „Охридско лето“

Во рамките на „Младото театарско Охридско лето“ кое првпат годинава стартува на фестивалот „Охридско лето“, вечерва ќе биде прикажана монодрамата „Дневникот на Лудиот“ од Николај Василевич Гогољ.

Сценографијата и режијата на оваа претстава ги направи композиторот Марјан Нечак. Во неа учествуваат двајца негови соработници, Озрен Грабариќ и Марин Лукановиќ.

„Станува збор за моноопера или за една современа музичка претстава во којашто главниот музички протагонист се изразува и со пеење и со текст. Нешто што кај нас е непознато. Музичкиот театар во моментов е најразвиен и најраспростран во Белгија, Холандија, Франција и Германија. Собирајќи искуства преку работењето таму и во други земји, одлучив да на направам нешто што во секој случај е ново но е интересно“, вели Нечак. Актерот Озрен Грабариќ кој е инаку глумец од Загреб го игра ликот на Лудакот во претставата .

Според нечак, тој е еден прекрасен актер кој е мултиталентиран и не се занимавал многу со музички театар.

„Гогољ иако го напиша ова дело пред 250 години, темата е многу актуелна и секој ден се среќаваме со овој тип социјални проблеми секојдневно. Затоа мислам дека ќе допреме до секое срце и ќе отвориме барем едно прашање:кои сме и што сме и дали секогаш знаеме да се справиме во права ситуација“, вели Нечак.

Претставата „Дневникот на Лудиот“ ќе се игра во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“ пред 100 гледачи. Ќе се изведува на англиски и шпански јазик, но ќе има и превод на македонски.