Концерт и изложба на дела од работилницата за ready made во Струга

Културниот центар „Кула“, го затвора фестивалот Дрим он, со концерт и изложба на дела од одпад од работилницата за ready made.

Работилницата се одржа во Струга, во рамки на фестивалот Дрим Он од 22-26 јули. Концертот кој ќе се одржи на 26 јули со почеток во 21.00 часот ќе биде производ на соработката помеѓу културниот центар Кула и фестивалот за процесирање култура Дрим он.

Учесниците на оваа работилница имаа прилика да се запознаат со основите на концептот ready-made и да творат во духот на неговите поимања. Предметите кои се изработија во текот на истата беа накит, скулптури и музички инстументи. Главната цел на работилницата беше да вмрежи млади луѓе кои се заинтересирани за алтернативните начини на употреба на секојдневните предмети.

„На наше големо задоволство можеме да потврдиме дека активностите на работилницата побудија голема доза на креативност и ентузијазам кај сите учесници. Се работеше со максимална посветеност и внимание, а самите дела сведочат за постоењето на хармонична твоечка атмосфера, благодарение на која имаме квалитетен поизвод. Работилницата беше подржана и финансирана од Холандската Амбасада во Скопје.“- велат од КЦ „Кула“.